Македонија
17. October 2016 - 12:44

Пронајдени две гранати во Охридско Езеро

Во текот на вчерашниот ден во 07 часот во Полицијата во Охрид, 35-годишниот И.А. пријавил дека на околу 50 метри од плажата до Охридско езеро  забележал две експлозивни направи, најверојатно гранати од постар временски период. Полициски службеници извршиле преглед при што на околу 50 метри од брегот на длабочина од околу три метри забележани се две гранати. За настанот бил запознаен Центарот за управување на кризи.