Џет-Сет
9. August 2015 - 11:24

Пронајдена снимка од песна на првата група на Курт Кобејн

На интернет се појави демо снимка од песна на групата „Фекал Метр“, со која познатиот Курт Кобејн ја започна својата музичка кариера.

Кобејн е еден од основачите на овој бенд заедно со Грег Хоксон и тапанарот Мелвинс Дејл Кровер, кој во групата свирел на бас.

Групата „Фекал Метр“ е основана во 1985 година, а објавената снимка е направена за време на католичкиот Божик во 1986 година.

Меѓу песните на овој бенд се и „Downer“ и „Spank Thru“, кои подоцна ги преработи славната група на Кобејн, „Нирвана“.

Новата песна е само една од повеќето снимки на „Нирвана“ и Кобејн, што се пронајдени во последно време при подготовките за снимањето на документарниот филм „Montage Of Heck“.