Македонија
11. January 2020 - 11:40

Пронајдена прашкаста материја кај 27-годишен скопјанец

Вчера во 19 часот во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога направен е претрес кај М.К (27) од Скопје, при што пронајдена е прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот Законик на РСМ ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.