Живот
7. March 2018 - 21:54

Пронајдена најстарата порака во шише на светот- напишана е на германски, а фрлена пред 132 години

На западниот австралиски брег е пронајдена можеби најстарата порака во шише. Напишана е на германски, а била фрлена во Индискиот Океан пред 132 години.

Шишето го пронашла Австралијанката Тоња Илман на островот Веџ, што се наоѓа 180 километри северно од Перт.

– (Шишето) беше прекрасно, па го зедов за да ми ги краси полиците, меѓу книгите. Случајно го видовме писмото, кое беше целото влажно, замотано и врзано со конец. Пораката е напишана на германски, со прилично блед ракопис. Датумот гласи: 12 јуни 1886 година, раскажува Тоња.

Стручните лица од Западноавстралискиот музеј утврдиле дека пораката е фрлена од германски брод, во рамки на експеримент на Германската морнаричка опсерваторија, со цел – проучување на морските струи, заради побрзо и поефикасно морепловство.