Македонија
29. October 2020 - 10:48

Пронајдена марихуана во возилото во кое се превезувале четворица тетовци

На 29.10.2020 околу 01.00 часот, во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Х.(19), Р.Р.(20), Б.Ш.(20) и К.И.(21), четворицата од тетовски Пирок, затоа што при нивен и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ш, а во кое тие се превезувале, била пронајдена марихуана.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово.