Македонија
25. November 2019 - 19:35

Пронајдена марихуана кај тројца тетовци

Вчера околу 20.50 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, на влезот во тетовското село Сараќино, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.М.(32), М.А.(24) и Б.А.(31), тројцата од тетовски Требош, затоа што при нивен и преглед на возилото „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.