Македонија
9. December 2019 - 11:25

Пронајдена марихуана кај тројца скопјани, приведени во полициска станица

Вчера во 12.30, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„11 Октомври“ од слобода ги лишиле О.Н.(29) и Н.А.(28), двајцата од Скопје, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Претходно, рано утрото во 04.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во нас. Илинден го лишиле од слобода К.Д.(22) од с.Марино, скопско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.