Македонија
1. August 2020 - 14:05

Пронајдена марихуана кај двајца малолетници во Охрид

Уапсени се двајца малолетници од Прилеп откако кај нив во Охрид била пронајдена марихуана. Од МВР информираат:

„На 31.07.2020  во 23.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана, лишени од слобода се  две 16 годишни лица од Прилеп.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“