Македонија
19. October 2021 - 11:53

Пронајдена марихуана кај двајца малолетници од Тетово

Вчера околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 години, соопштија од МВР.

При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.