Македонија
20. August 2015 - 13:48

Пронајдена „кашикара“ на дива депонија во Тетово

Рачна бомба „кашикара“ од српско производство е пронајдена вчера околу 13 часот и 30 минути на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово.   

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски информира дека бомбата била ставена во пластична кутија, а ја пријавил Р.К. (42) од Тетово кој веднаш се јавил во Полициската станица - Тетово.

-Извршен е увид со учество на екипа од СВР Тетово и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување. Експлозивното средство е фотографирано, подигнато и безбедно транспортирано. Се расветлува кој и зошто ја оставил бомбата, рече Јосифовски.