Македонија
6. April 2019 - 12:12

Пронајдена е марихуана кај три лица во Тетово при претрес на автомобил

Пронајдена е марихуана и ризли при претрес на автомобил синоќа во 20:45 часот на локалниот пат во село Жеровјане кој води кон село Радиовце. При вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило „Фолсфаген венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Х.К.(27), а како совозач било лицето Н.Е.(27), а во возилото бил и Р.И.(18) сите од с.Г.Седларце. При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли. Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.