Македонија
16. February 2021 - 10:51

Пронајдена дрога, приведени двајца дилери од Скопје

На 15.02.2020, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле претреси во домовите на П.П.(20) и Д.П.(17), двајцата од Скопје. При претресот во домот на П.П. биле пронајдени марихуана, три куршуми и други предмети. Додека, при претресот во домот на Д.П. биле пронајдени марихуана, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица,а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.