Македонија
6. May 2021 - 16:01

Пронајдена дрога, приведен дилер од Гевгелија

Денеска(06.05.2021) во 13.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода З.Ч.(34) од Гевгелија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.