Македонија
13. August 2020 - 17:16

Пронајден труп во водите на река Пчиња

Вчера околу 10 часот наутро во СВР Скопје било пријавено дека во Катланово, под мостот, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“, било забележано човечко тело во водите на реката Пчиња, без знаци на живот.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација, информираат од МВР.