Македонија
17. July 2018 - 10:47

Пронајден мртов маж во семејна куќа - полицијата кога ја отворила вратата доживеала шок од глетката

Хорор во семеен дом во Кичево, пронајдено тело во фаза на распаѓање. Како што информираат од полицијата, вчера  околу 22 часот било пријавено дека во Кичево на улицата„15-ти Ноември“ во семејниот дом пронајдено е телото на С.С. (51) во фаза на распаѓање. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Судска медицина за вршење обдукција.