Македонија
2. January 2021 - 16:01

Пронајден мртов 45-годишен скопјанец кој бил пријавен за исчезнат

Вчера во 16.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на местото викано „Празна торба“, над Црн Врв, бил пронајден починат У.Ф.(45), за кого претходниот ден неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од дома, соопштуваат од МВР.

Во близина бил пронајден и неговиот патнички автомобил „лада нива“, со скопски регистарски ознаки.

Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција