Македонија
28. October 2020 - 19:34

Пронајден кокаин и хероин во Чаир, приведен 35-годишен маж

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога на 28.10.2020 околу 15.30 часот на ул. Цветан Димов во Скопје го приведоа Е.О.В. (35) со шпанска лична карта, кај кого бил
пронајден кокаин и хероин. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а запленето е и возилото „мерцедес“ што тој го управувал.