Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец

На 05.01.2025 околу 22 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.И.(30), С.К.(26), двајцата од Велес и Б.С.(28) од Кавадарци, соопшти МВР. Имено, на наплатна станица „Сопот“,, при контрола на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А., а сопатници биле С.К. и Б.С., кај С.К. бил пронајден и одземен хероин. С.К бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
По документирање на настанот, против С.К. е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од КЗ, и по наредба од Основен суд Велес, на 06.01.2024, тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје-Скопје за издржување на изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
