Промовирани нови 654 полициски службеници во Центарот за обука во Идризово
Во Центарот за обука во Идризово денеска по едногодишна успешна обука свечено беа промовирани новите 654 полициски службеници, од кои 143 се жени.
Честитајќи им на новите полициски службеници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача да бидат бескомпромисни чувари на редот и законите, но и на професиналната чест и достоинството лично и на институцијата која ја претставуваат. Во ова време, нагласи тој, македонската полиција е исправена според сложеноста можеби пред најголемата задача - конституирање институција која во секој поглед ќе биде не само кредибилен чувар на редот и законитоста, туку и гарант за безбедноста и мирот на секој наш граѓанин.
- Интегритетот не се гради со подмитливост, со поткупливост, со непочитување на законите или со селективна правда, со злоупотреба на должностите и службените овластувања или слични такви стандадри и вредности кои со години наназад ја доведоа Македонија до работ на амбисот, рече Спасовски.
Тој изрази уверување дека македонската полиција има сериозен потенцијал за натамошно суштинско реформирање кое ќе резултира со целосно воспоставување на современите демократски и професионални станадарди хармонизирани со нашите евроатлантски партнери односно полиција како сервис на граѓаните и столб на владеењето на правото на Република Македонија.
Во обраќањето директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков истакна дека се очекува од новите полициски службеници максимална посветеност, чесност, хуманост и одговорност при остварувањето на задачите. Им порача дека од нив ќе зависи борбата со сите предизвици и сите видови криминал со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија, подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но и обезбедувањето на државните граници.
Традиционалното полициско работење и дејствување на полицијата, истакна, одамна капитулира пред растечките закани по безбедноста на граѓаните.
- Вечната тензија помеѓу обезбедувањето безбедност на задницата и човековите права од друга страна ја наметнаа потребата да излеземе од традиционалнот полициско работење и да воспоставиме методологии и ефективно полициско работење во партнерство и согласност со граѓаните на РМ, рече директорот на БЈБ. Истакна дека секоја полициска активност независно од сериозноста и тежината на безбедносните закани мора да биде во рамки на основните принципи на демократската држава преку владеење на правото и во согласност со врвната цел-гарантирање и почитување на човековите права и слободи.
Чавков додаде дека во едно од последните истражувања на јавното мислење за полицијата од страна на реномирани невладини оргнизации се покажува оти полицијата е институција која ужива најголема доверба во Република Македонија.
Успешна и професионална работа на новите полициски службеници им посака и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов и ги повика на целосно извршување на законите,како и почитување на уставот на основните човечки и граѓански права.
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји