Македонија
22. April 2016 - 14:57

Промовирани два проекти во општина Зрновци

Изградба и уредување на на паркови и плоштади во населените места Мородвис и Видовиште се двата нови проекти кои денеска ги промовираше градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.

-Се работи за два мошне заначајни инфраструктурни прокети  потребни за секојдневното живеење на жителите од населените места Мородвис и Видовиште. Се работи за паркови и плоштади во централното подрачје на овие населени места кои се хортикултурно уредени и со поставена урбана опрема. Вкупната вредност на оваа инвестиција е три милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој истакна Станов.
 
Преку оваа Агенција, вели тој, минатата година во населеното место Зрновци е изграден плоштад како и фекална канализација во населеното место Видовиште. Во тек на реализација е изградба на фекална канализација во населното место Мородвис.