Loading Video...
Спорт плус
13. February 2019 - 12:52

Промовирана едицијата „Спортски стории“ на Зоран Михајлов

Пред голем број спортски работници, новинари, пријатели и гости денеска беше промовирана книгата на доајенот на македонското спортско новинарство Зоран Михајлов „Спортски стории“.

Oва дело ги овековечува не само настаните на кои учествувал Михајлов туку и бројните спортски настани од македонските терени како и легендите на македонскиот спорт.

Зоран Михајлов е новинар со 55-годишно искуство,учесник на 16 олимпијади, 25 светски првенства во сите спортови, Балканијади,Медитерански игра.... но и човек кој бил присутен на борилиштата каде  македонските спортисти ги оствариле своите најголеми успеси.

„Ова е историја не само поради богатата кариера на Зоран Михајлов како спортски новинар туку и успесите и бројните настани поврзани со македонскиот спорт“-истакна носителот на златен медал од ОИ, борачот Шабан Трстена.

За значењето на оваа прва книга од ваков вид во Македонија говореа и голем број колеги новинари кои соработувале со Михајлов во долгогодишната кариера а беше прикажан и документарен филм  со видео материјали од настаните од кои известувал авторот на книгата. Книгата е во издание на „Арс Либрис“.