Македонија
12. March 2020 - 8:37

Промоција на учебниците „Вовед во етиката“ и „Прирачник за етика“

Два универзитетски учебника „Вовед во етиката“ (2018) и „Прирачник за етика“ (2019), објавени од страна на Универзитетот Св.Кирил и Методиј на Конкурсот за е-издаваштво за 2018 и за 2019 година ќе бидат објавени денеска во библиотеката на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.

На промоцијата ќе говори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, а делата ќе ги промовира проф. д-р Денко Скаловски.