Македонија
6. February 2017 - 8:57

Промоција на руско-македонски поштенски марки

Во Скопје денеска ќе биде промовирано заедничко издание на руско-македонски поштенски марки.

Настанот се организира во рамките на одбележување на 23-тата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Русија и Македонија од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија со поддршка на АД „Македонска пошта“.

Марките беа издадени во декември 2016 година во Русија и Македонија. Тема се архитектурни знаменитости на Охрид и Санкт Петербург.