Бизнис
14. September 2019 - 8:35

Промоција на првата генерација слушатели на програмата за јапонски менаџмент на квалитет

Одборот на Програмата за професионална обука за менаџмент на квалитет и конкурентност и ЦЕИ – Центарот за економски истражувања при Економскиот факултет-Скопје, УКИМ денеска ќе ја промовираат првата генерација слушатели на професионалната тренинг програма „Quality Management and Competitiveness“.

Програмата за професионална обука за јапонски менаџмент на квалитет и конкурентност е организирана во соработка со Универзитетот за национално и светско стопанство (UNWE) од Софија, Универзитетот од Нагасаки од Јапонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) и Економскиот Факултет при УКИМ.

На промоцијата, како што е најавено, треба да се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов.