Промоција на мерката „Самовработување“ од Оперативниот план за 2017 година
Во Министерството за труд и социјална политика денеска ќе биде промовирана мерката Самовработување од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.
Мерката на прес-конференција ќе ја образложат ресорниот министер Ибрахим Ибрахими и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски.
Оперативниот план за 2017 година има 22 програми и мерки за вработување, како и 11 услуги на пазарот на трудот. Таргет се тешко вработливите, посебно ранливите категории, примателите на социјална помош, самохраните родители, децата без родители или со еден родител, лицата со инвалидност.
Минатата година Оперативниот план отвори 8.400 работни места, а во 2017-та се очекуваат 10.000 нови вработувања.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море