Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
Во рамки на манифестацијата „Недела на македонската култура" утре во Тирана ќе се одржи „Промоција на македонски вина и вински туризам".
Овој настан требаше да се одржи денеска, но беше одложен, бидејќи во Албанија е Ден на национална жалост, во знак на почит кон починатиот Папа Франциск.
На утрешната промоција 12 познати македонски винарии ќе ги изложат своите вина, а ќе ги презентираат можностите за вински туризам.
Промоцијата ќе почне во 14 часот во познатата „Пирамида“, значајно културно обележје во центарот на Тирана, со интонирање на македонската химна, додека дополнително настанот ќе биде збогатен со настап на фолклорна група од Пустец, чии членови во традиционални македонски носии, ќе изведат повеќе македонски песни и ора.
Пред овој значаен настан денеска во просториите на македонската амбасада во Тирана, вршителот на должноста амбасадор, Љуфтим Спахиу оствари средба со претставниците на македонски винарии, на која заедно размениле искуства, идеи и визии за промоција, на нивните производи со искреност и надеж за уште побогата винска иднина.
Неделата на македонската култура, која за првпат се одржува во Тирана свечено беше отворена на 23, а завршува на 30 април.
Ново на Сител
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“