Македонија
22. November 2017 - 8:35

Промоција на книгата „Успеси и падови 1993 година“ од Стојан Андов

Книгата „Успеси и падови 1993 година“ од Стојан Андов вечер ќе биде промовирана во Домот на културата во Кавадарци.

Издавач е „Матица македонска“ од Скопје. Делото ќе го промовира Љубомир Гајдов, познат надворешно-политички аналитичар и коментатор, а за богатото публицистичко и книжевно творештво на Андов ќе говорат писателите Раде Силјан и Блаже Миневски.

Стојан Андов (1935, Кавадарци) е истакнат македонски политичар и прв претседател на Собранието на независна Република Македонија. Автор е на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 и 1992–година на опасни ризици“.