Македонија
27. March 2018 - 9:02

Промоција на книгата „Скаменет сон“ од Стојан Тарапуза

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана поетската книга „Скаменет сон“ од доајенот на македонската литература за деца Стојан Тарапуза. Издавач на делото е „Дијалог“ од Скопје. 

За делото ќе зборува професорката Кристина Николовска, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје ќе рецитираат стихови од познатиот македонски писател.