Македонија
16. December 2019 - 8:29

Промоција на книгата „Медиумите и идентитетот”од Биљана Рајчинова-Николова

Во Изложбениот салон-Империјал 1, вечер ќе биде промовирана книгата „Медиумите и идентитетот” од Биљана Рајчинова-Николова, во организација на Културно-Информативен Центар – Скопје.

Биљана Рајчинова-Николова е родена во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, оддел Интердисциплинарни студии по новинарство, а магистрирала и докторирала на Институтот за македонска литература – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски.