Промоција на финална анализа на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“
Во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска ќе се одржи онлајн конференција за промоција на финална анализа во рамки на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“, финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), доделен преку проектот „Нордиска поддршка за развој на Македонија“.
Главната цел на проектот, како што соопштија од „Сите за правично судење“, е поддршка на кривично-правните реформи со цел исполнување на пристапните критериуми предвидени во Поглавјето 23 од преговарите за членство во ЕУ.
– Во рамки на овој проект, беа спроведени повеќе активности, меѓу кои мониторинг на судски постапки од областа на семејното насилство и криминал од омраза, увид во правосилни судски предмети од област на семејното насилство, анонимизирање на правосилните судски пресуди во Основниот кривичен суд во Скопје, како и обезбедување на бесплатна правна помош во случаи на семејно насилство и криминал од омраза, појаснуваат од Коалицијата.
Коалицијата најавува уество на коинференцијата и минситерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која ќе говори на тема „Заложби на Министерството за труд и социјална политика во поглед на сузбивање, превенција и заштита од семејното насилство“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари