Македонија
23. јуни 2016 - 8:30

Промоција на ЕУ проект за управување со отпад

Во ЕУ Инфо Центар денеска ќе биде промовиран проектот „Подготовка на потребните документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“, а ќе се одржи и работилница на тема „Интегриран систем на управување со отпад - процес на утврдување на локација за регионален центар за управување со отпад”.

Предвидени се обраќања на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и на евроамбасадорот Аиво Орав.

Проектот е финансиран од ЕУ, го имплементира конзорциумот на ЕПТИСА и ЕПЕМ, а координатор е Министерството за животна средина.