Македонија
28. May 2017 - 9:19

Променливо време и краткотјани врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо и од пладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, на места проследени со ретки грмежи и краткотрајно со пороен интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13 степени, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 22 степени.

Потоа до средината на работната недела ќе преовладува постабилно време, а мали услови за појава на пороен дожд со грмежи ќе има само за југот од земјата. Дневната температура ќе биде во постојан пораст. Од четврток на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени.