Македонија
5. December 2018 - 8:20

Променливо облачно со слаби локални врнежи и со засилен северен ветер

Во раните утрински часови во Македонија ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до осум степени.

Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Под влијание на нов влажен бран од сабота попладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.