Бизнис
12. November 2015 - 13:56

Пројкоски нов претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија

Славко Пројкоски, главен финансов менаџер на Македонски Телеком АД - Скопје, е новиот претседател на Одборот на директори на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија).

Пројкоски доаѓа на местото на Мирослав Марчев, директор за даноци и правни услуги во ПрајсвотерхаусКуперс Скопје, кој беше на оваа позиција од септември 2014 година. Член на Одборот на директори од септември 2014 година и претходно ја вршеше функцијата на секретар/благајник.  

На состанокот за потпретседатели се избрани Емре Козлу, генерален директор во Филип Морис –ТКП Скопје, и Борка Петровска, менаџер на администрација во Фени индустри.

Мандатот на претседателот на Одборот на директори и на останатите новоизбрани членови е една година со право на повторен избор.