-->
-->
Прогрес во преговорите меѓу Јувентус и Погба
-->
Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене зборуваше за напредокот на преговорите за трансферот на играчот од средниот ред Пол Погба.
– Преговорите напредуваат. Овој договор ќе биде клучен за Јувентус, вклучително и од комерцијална гледна точка, изјави Аривабене во интервју за „Тутоспорт“.
Погба веќе играше за Јувентус од август 2012 до август 2016 година, по што се пресели во Манчестер јунајтед.
Дваесет и деветгодишниот Французин ќе го напушти англискиот клуб. На 1 јули играчот и официјално ќе стане слободен играч.
Претходно беше објавено дека голема е веројатноста Погба да потпише договор со Јувентус на четири години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење