Живот
19. April 2018 - 21:54

Прогнозата за ова лето нема да ве израдува

Познатата американска приватна метеролошка служба "AccuWeather" ја објави сезонската прогноза за Европа за ова лето.

Како што најавуваат метеоролозите нѐ очекува врело и спарно лето.

Се очекува јуни да биде просечно топол и сув. Средната минимална температура ќе се движи околу 15,9 степени, а средната максимална температура околу 26,3 степени Целзиусови. Дождови ќе има под просекот, но под границите на нормалата.

Метеоролозите најавуваат пеколен јули со топлотни бранови кои нема да им одговараат на многумина.

Просечната температура во јули ќе биде многу над просечната со средна минимална од околу 18,2 степени, а средна максимална температура 29,2 степени Целзиусови.

Според меторолозите, нѐ очекуваат топлотни бранови во јули, а дождовите ќе бидат во границите на просекот.

Август исто така нема да ни даде да се опуштиме и разладиме. Температурите ќе се движат од 28,6 степени Целзиусови.