Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
Владата на Србија донесе одлука за прогласување состојба на елементарна непогода во пет градови и 11 општини поради продолжена суша и недостаток на врнежи, екстремно високи температури и ветрови со сила на ураган. Дел од Србија беше зафатен од големи пожари кои предизвикаа огромни штети во јули.
„Пожари зафатија дел од територијата на Република Србија во јуни и јули 2025 година, и за следните единици на локална самоуправа: градовите Прокупље, Крушевац, Чачак, Крагуевац и Бор и општините: Бојник, Лебане, Ивањица, Алексинац, Рача, Книќ, Житораѓе, Блаце, Куршумлија, Голубац и Мионица, е прогласена состојба на елементарна непогода“, се наведува во одлуката на Владата на Србија.
Во претходните денови, Србија беше зафатена од пожари, а најкритичнио е на југ во државата – Топличкиот и Јабланичкиот округ. Во некои градови и општини е прогласена вонредна состојба.
Сопствениците на околу 170 куќи што беа оштетени и изгорени во пожарот во изминатите неколку дена треба да добијат неповратна финансиска помош од државата – од 200.000 до 800.000 динари, додека оние чии куќи беа целосно изгорени ќе добијат од три до четири милиони динари, според новиот правилник што денеска го усвои Владата на Србија.
Кога ќе им биде исплатена помошта – не е прецизирано.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба