Бизнис
5. February 2020 - 16:38

Проектот „Мој-ДДВ“ го зголемил бројот на пријавувачи за затајување на данок

МОЈ ДДВ ги натера граѓаните повеќе да пријавуваат неправилности. Според податоците на Управата за јавни приходи двојно е зголемен бројот на пријави за неиздадена фискална сметка споредено со периодот пред воведувањето на проектот.

Од денеска почна исплатата на 15% од платениот ДДВ за месеците октомври, ноември и декември. За овој период на сметките на околу 200 илјади граѓани ќе легнат над 3,8 милиони евра што е милион и триста илјади евра повеќе споредено со парите кои беа исплатени во декември. Заради исплатата, но и заради наградната игра која оди паралелно, во јанаури бројот на корисници на апликацијата се зголемил за 25.000.

Од почетокот на МОЈ ДДВ на 01 јули до 31 јануари апликацијата ја презеле близу 237.000 граѓани кои искенирале над 66 милиони сметки. Вкуниот промет  од тие сметки изнесува над половина милијарда евра. За оваа потрошена сума граѓаните ќе добијат назад 8,5 милиони евра.