Проект за зајакнување на капацитетите на општинските совети
Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии и со поддршка на Швајцарската агенција за развој, е носител на проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“.
Тој денеска беше претставен во Струмица, пред повеќе од педесет претседатели на советите на општини во Македонија, каде што иницијативата за неговата реализација ја поздрави Љупчо Пренџов, заменик-министер за локална самоуправа.
- Ова е значаен проект за Министерството за локална самоуправа затоа што доброто управување на локално ниво значи воспоставување на стандардите коишто произлегуваат од документите на Советот на Европа и гаранција за функционалноста на системот на локалната самоуправа кој е еден од најкомплексните и кој има најдиректно влијание на животот на граѓаните, рече Пренџов.
Тој ја истакна улогата на членовите на советите како претставници на граѓаните во општината. Преку нивната работа, рече Пренџов, се огледува степенот на демократија на локално ниво, како гаранти на транспарентното и одговорно работење на локалната власт, луѓе со интегритет и вистински претставници на интересите на граѓаните што ги претставуваат.
- Во оваа прилика сакам да го поздравам формирањето на Комитетот на советите, во рамките на ЗЕЛС, со што покрај градоначалниците и членовите на советите си го потврдија своето значајно место и улога во системот на локалната самоуправа. Ова е начин тие да делуваат вмрежено, користејќи ги позитивните искуства од општините и учејќи едни од други, додаде Пренџов.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас