Македонија
2. October 2016 - 16:41

Проект на Светска банка за подобрување на општинските услуги

Новиот проект за подобрување на општинските услуги преку финансирање заеми од Светска банка промовиран пред претставниците на локалните самоуправи во југоисточниот плански регион. Преку истиот на општините во Македонија  до 2020 година на располагање  им стојат 35 милиони евра, средства кои може да се искористат преку заеми по поволни услови, а за реализација на голем број инфраструктурни проекти .  Новиот ,  практично претставува продолжување  на првиот проект  за подобрување на општинските услуги кој беше реализиран од 2006 па се до оваа година.

,,Поради успешноста на проектот се увиде потребата за дополнителни средства и следствено на тоа Република Македонија и Светска банка стапија во договор во кој што се понудија 35 милиони евра средства, кредит до Република Македонија , а пак министерството за финансии истите средства под исти услови ги пласира на локалните самоуправи. Локалните самоуправи може да аплицираат за било каков проект кој што е од надлежност на локалната самоуправа.,, вели Беким Имери – канцеларија на Светска Банка - Скопје

Средствата се наменети за сите општини во државата, а освен заеми за дел од нив ќе бидат обезбедени и грантови.

,,  Покрај заемите што се предвидени дел од нив ќе бидат доделени како грантови, односно за оние најсиромашни, најрурални места без разлика дали се работи за некои  улици, населби и ќе бидат доделени на крај како грантови.,, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на Центар за развој на ЈИ регион

Во првата фаза од  реализацијата  на проектот за подобрување на општинските услуги биле искористени околу 78 милиони евра. Со овие средства преку финансирање на заеми  од Светска банка во изминатите неколку години биле реализирани проекти во 58 општини.