Македонија
10. September 2018 - 8:53

Проекција на Шпански филмови во Крива Паланка

Филмски циклус – проекција на шпански филмови се одржува од 7 до 11 септември во Крива Паланка организација на локалната самоиуправа и Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија. 

Проекциите почнаа со филмот „Среќни 140“, а во рамки на циклусот кривопаланчани можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која важи за светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката, информираат од локалната самопправа на Крива Паланка.

Селекцијата на филмови е извршена од тим од Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија.