Продолжуваат протестите во Кишињев
Неколку илјади лица протестираа денеска, трет ден по ред, во главниот град на Молдавија, Кишињев, со барање за предвремени избори и против корупцијата во земјата, јави ТАСС.
Учесниците во протестите, чиј број според различни извори изнесува меѓу три илјади и 20 илјади лица, ја опколиле зградата на Националната телевизија, која е обезбедувана од полицијата.
Демонстрантите ја обвинуваат државната телевизија дека еднострано ги застапува само интересите на Владата.
Инцијатори на протестите се две проруски партии, Партијата на социјалистите на Молдавија и Нашата партија. Кон нив се приклучи и граѓанското движење „Достоинство и вистина“, кое се бори за поголема транспарентност и одговорност на власта. Претставници на демонстрантите влегоа во зградата на телевизијата и по преговорите им беше ветено директно обраќање до јавноста.
Демонстрантите во средата упаднаа во зградата на Парламентот, откако пратениците ја избраа новата проевропска Влада, предводена од премиерот Павел Филип.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање