Продолжуваат меѓупартиските разговори за отворените прашања
Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денеска повторно ќе се состанат во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза.
Теми на меѓупартиските разговори во оваа фаза се прочистувањето на Избирачкиот список и реформата во медиумите. Се очекува и на ова продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Амбасадорот Бејли по вчерашната средба во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека е завршена добра работа, но оти се уште не е постигнат договор. Рече дека е оптимист и оти разговорите продолжуваат денеска.
- Имавме конструктивна средба. Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Продолжуваме со работа. Не сум разочаран. Кога се преговара и разговара понекогаш е потребно повеќе време. Оптимист сум, изјави Бејли.
На оваа фаза од меѓупартиските разговори учествуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп