Свет
13. February 2017 - 17:02

Продолжува урбаното насилство во Франција

Оштетени повеќе автомобили, каменуван автобус, при што неговиот возач е повреден во пределот на лицето, и најмалку 11 уапсени, е билансот на последните судири во париските предградија, соопшти денеска француската полиција.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, учесниците на насилните протести, кои започнуваат да се шират и во други поголеми градови на Франција, минатата ноќ се судриле со полицијата, која приведе единаесетмина од нив, меѓу кои осуммина се малолетни.

Протестите започнаа по објавувањето на инфомациите дека едно младо момче по име Тео, наводно било силувано од страна на полицаец за време на неговото апсење. Извори од полицијата меѓутоа тврдат дека засега нема поврда за ваквите обвинувања. 

Во знак на поддршка на Тео, кого во болницата лично го посети и фрнацускиот претседателот Франсоа Оланд, неколку дена се одржуваат демонстрации во Сена-Сен Дени, а во саботата во Бобињи дојде до сериозни инциденти и насилство за време на протестите.

На немирите од минатата ноќ и претходеше собир на педесетина млади лица во областа на северниот париски кварт Вал д’Атжан, кој започна околу 17 часот. Овие лица дошле на собирот, одѕивајки се на повикот испратен преку Фејсбук за „повторување на насилството од 2005 година“.

Учесниците на протестите обвинуваат дека на лицата обвинети за учество во насилствата им се судено по брза постапка, додека постапката за полицајците обвинети за силување се уште е во фаза на истрага.

Опозицијата ја обвини Владата, дозволила протестот во саботата во Бобињи да се претвори во урбано насилство.

Екстремната десница, која според аналитичарите може најмногу да профитира од овие судири што се случуваат на неполни три месеци пред претседателските избори, обвини дека кога „Владата е слаба, тогаш има анархија“.

- Во оваа ситуација, која предизвикува срам за Франција во странство и несреќа за жителите од погодените области, Владата се крие со молчење, кое го одразува кукавичлукот и нејзината немоќ истакна европратеничката и претседатслки кандидат Марин Ле Пен.