Македонија
28. November 2022 - 19:59

Продолжува традицијата Бадникови поворки по две годишна пауза

Традицијата Бадникови поворки по двегодишна пауза поради пандемијата  продолжува со низа активности и настани со  кои годинава ке се одбележат божикните празници.

Централен настан ке биде  детскиот концерт  кој ке се одржи на 6-ти јануари, а за возрасни на 9 ти јануари. Подоготовките веке  се започнати, а организаторите ги  поканија  сите детски хорови, ансамбли, театарски креативни центри, студија да учеств уваат. Младите учесници ке соработуваат  со познатата пеачка Елена Ристевска, а на проектот ке се приклучат и Ламбе Алабаковски , Антониа Гиговска и други

Годинава бадниковата поворка  ќе тргне од градскиот плоштад, преку камениот мост, а крајната цел ке биде  Соборниот храм каде младите коледарчиња ќе бидат дарувани. Претходните  години над 15 000 деца од 40 градови учествуваа на овие свечености.