Македонија
17. August 2018 - 16:24

Продолжува судскиот процес за “Титаник“

Втор ден во кривичниот суд се слушаат снимени телефонски разговори за предметот Титаник..

Според листата на Специјалното јавно обвинителство се презентираат аудио материјали од 2011-та година а во кои се слуша тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како се подготвува за претстојните избори..

Поради ова реагираше одбраната на обвинетите.. Објаснија дека снимките немаат поврзаност со предметот, а разговорите кои ги водат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се организациони способности на партијата..

„Слушаме разговори кои не се поврзани со постапката. Обвинителката да не ни го троши времето со овие материјали“, изјави во судницата адвокатот Петар Василев..

Ваквата забелешка ја отфрли судијата Осман Шабани појаснувајќи дека незаконски прибавените разговори се прифатени како докази и тие ќе бидат изведени пред судот..

За предметот Титаник, Специјалното јавно обвинителство понуди над илјада прислушувани телефонски разговори.. За седум од нив СЈО побара исклучување на јавноста бидејќи тие имале приватен карактер..

Според обинението кое го застапува СЈО, 20-мината обвинети во предметот Титаник се товарат за повеќе кривични дела поврзани со организирањето на неколку изборни процеси..