Македонија
24. August 2018 - 16:50

Продолжува судењето за случувањата во Собранието

Лично ја превземав командата за консолидација на полициските сили па нападот на Собранието помина  без ескалации и жртви, ова во својот воведен говор пред судот го изјави екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Вели дека по само 20-мина минути испратил во Собранието единица од специјалните сили а целата акција за евакуација траела еден час и 20 минути.. Според Чавков, сите наредби биле издадени навреме а полициските службеници ги извршувале во рамки на своите надлежности кои ги имаат. Идентичен став пред судот во воведните говори наведоа Митко Пешов и Душко Лазаров од МВР. Тврдат дека ги проследите сите наредби од нивните старешни..

Во завршницата на судското рочиште, во салата одекна и аплауз од адвокатите и обвинетите по говорот на актерот Владо Јовановски од иницијативата за Заедничка Македонија. Жали за собраниските настани но вели дека како и сите претходни денови од протестите и таа вечер во пленарната сала повикувал на смиреност. Според Јованов, тој не може да е обвинет за тероризам заради изговорени зборови. Ваков воведен говор пред судот имаше и Богдан Илиевски според кого слободата на говор не може да биде терористички акт.

Од вкупно петтемина пратеници кои седат на обвинителна клупа, свои воведни говори имаа единствено Мукоски и Василевски. Велат дека жалат за тоа што се случило во Собранието но ниту едно дејство не го сториле со умисла како што е наведено во обвинението кое ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок. И двајцата пратеници изјавиа дека со никој од останатие обвинети немале никаква комуникација за спречување на обидот за избор на претседател на Собранието.

Обвинетиот Игор Југ кој според обвинението имал конкретна задача да стори убиство, во своите воведни говори го запраша судот кој би најмил дијабетичар со висок крвен притисок да го стори делото покрај огромниот број специјалци.

Рочиштето за собраниските настани од 27 април продолжува во понеделник со изјаснување за вина и сослушување сведоци.

Зоран Јаневски Сител Телевизија