Македонија
25. October 2016 - 19:40

Продолжува соработката меѓу Министерството за култура и италијанската амбасада

Успешната приказна „Џифони’’ продолжува да се создава во  Македонија и во наредните три години, благодарение на втората  спогодба која   ја потпишаа  Агенцијата за филм на РМ  и ,, Giffoni Experience,,  Италија.

За Република Македонија е огромна придобивка вмрежувањето во филмскиот фестивал за млади „Џифони“ од кој најважна и најблагородна е едукативната мисија  -потенцира  министерката за култура.

Амбасадорот   Карло Ромео истакна дека „Џифони Македонија“ е конкретен пример за одличните односи и културна соработка меѓу Македонија и Италија. 

Наредната година петтото јубилејно издание ќе  биде втор најголем настан во регионот  веднаш по ,, Giffoni  Experience,, Италија.

Со втората спогодба  на Агенцијата за филм на РМ и е доверено правото брендот и логото на „Џифони‘‘ на територијата на  Македонија, да продолжи да го користи до 31 декември 2018 година.