Продолжува реконструкцијата на манастирскиот комплекс Еленец кај селото Цера
Продолжува реконструкцијата на манастирскиот комплекс Еленец кај селото Цера. Средства во висина од 50 илјади швајцарски франци обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ова го истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски, кој рече дека средствата ќе бидат целосно наменети за реконструкција на зградата каде што е сместена кујната во туристичкиот комплекс.
- Овие средства значат доуредување на манастирскиот комплекс Еленец и со поддршката на ИПР и на Швајцарската агенција ќе успееме да реновираме уште една зграда во комплексот кој е наш адут за развој на туризмот, со што го заокружуваме овој проект поврзан со туристичката населба Еленец кај Цера, рече Митевски.
Инаку, овој проект на Македонска Каменица е дел од соработката на Центарот за источно-плански регион со Швајцарската агенција за развој и соработка. Центарот за развој на Источно-планскиот регион годинава ќе реализира проекти во висина од 21 милион денари, средства обезбедени од Програмата на Владата за рамномерен регионален развој, истакна директорката на Центарот, Драгица Здравевска, која потенцираше дека со средствата ќе се работат два проекти.
- Едниот проект е изградба на локален пат на планината Плачковица до црквата „Св Ѓорѓи“, а вредноста на овој проект е околу 12 милиони денари. Другиот проект во висина од 8 милиони денари, е изградба на паркот на „Макфест“, меѓународен фестивал во Штип, рече Здравевска.
Таа посочи дека во завршна фаза е реализацијата на четири проекти. Едниот од нив е развој на езерскиот туризам и се однесува на изработка на целокупната инвестициска и техничка докуменација, а овој проект се однесува на општините Македонска Каменица, Берово и Кочани, атмосферска регулација во Чешиново-Облешево, како и регулација на Кочанска Река.
- Во завршна фаза е и реализацијата на еден многу значање проект кој се однесува на сите 11 општини од регионот, а тоа е изработка на сообраќајни проекти за сите општини, кружни текови, паркиралишта..., Во тек е потпишување на договорот, а обезбедени се средства во висина од 200 илјади евра, додаде Здравевска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација