Балкан
28. April 2016 - 11:32

Продолжува преместувањето на бегалците од Пиреја

Грчките власти продолжуваат да преместуваат бегалци од Пиреја во други прифатни центри, за да го ослободат пристаништето пред празниците и во пресрет на новата туристичка сезона.

Во моментов во Пиреја има 2.680 бегалци, а 300 од нив денеска ќе бидат преместени во прифатен центар во Скорамангас.

На пристаништето се уште секојдневно пристигнуваат бродови со нови бегалци. Само утринава пристигнаа 52 бегалци од Родос, Лезбос и Хиос.